МОМЕЕ

Македонска општинска мрежа за енергетска ефикасност

За Нас

Македонската општинска мрежа за енергетска ефикасност е формирана во 2005 г. со цел да се изградат поединечни и заеднички капацитети како и да се постигнат напредни резултати од вмрежувањето на новите земји членки на ЕУ како и на земјите од Централна и Источна Европа на поле на енергетска ефикасност.

БИСЕ Форумот го иницираше врмежувањето а локално, национално и регионално ниво. За таа цел беше во 2005 г. беше предложен и усвоен “Апелот од Гренобл”, основачки документ со намера да влијае на eвропејците и на нивните национални политики.

Р. Македонија, на национално ниво, партнеруваше во тригодишниот проект БИСЕ – Заедничко градење на одржлива енергија преку Македонската општинска мрежа за енергетска ефикасност – МОМЕЕ.

 

ЦЕЛИ

 

1. Обединување на членовите за зголемување на енергетската ефикасност како средство за разрешување на важни национални задачи за политиките за енергетика и животна средина

2. Намалување на буџетските расходи на општините за енергија и создавање на услови за искористување на заштедените средства за финансирање на други приоритетни дејности за територијата на општините

3. Намалување на расходите за енергија на другите крајни корисници во општините и создавање поволна клима за поширока општествена поддршка во спроведување на општинската политика за интелигентно користење на енергијата

4. Заштита на животната средина.

 

Најголеми придобивки од мрежата имаат единиците на локалната самоуправа кои што во услови на зголемени ингеренции на објектите во нивна надлежност и законски обврски треба да приготвуваат краткорочни и долгорочни Акциони планови за ЕЕ. Овие планови треба да предвидуваат имплементација и промоција за мерки за ЕЕ кои значително ќе ги намалат општинските буџети во делот на енегргетските биланси и понатаму ќе овозможат реинвестирање на заштедените средства.

 

ЧЛЕНСТВО

 

Членови во Здружението може да бидат:

Општини – од Република Македонија и од странство;

Физички лица и трговски здруженија;

Непрофитни здруженија и други организации, кои се во согласност со Статутот и целите на здружението и го помагаат неговиот развој.

 

ПРИДОБИВКИ

 

Меѓусебна размена на информации за техничките постигнувања и нови технологии за слични пректи кои се предвидени на општинско ниво (рехабилитација на згради- школи, администрција, градинки, домови; улично осветление; водовод; пречис¬тител-ни станици; собирање на комунален смет).

Заедничка разработка и управување со ЕЕ проекти.

Меѓусебно помагање за надминување на пречките за ефикасно користење на енергијата.

Директна помош на Општинските служби при изработката на апликации за доделување на средства од разни фондови

МАЦЕФ организира тренинг курс за обука од областа на енергетска контрола на објектите. Членовите на мрежата ќе имаат пристап до вкупната документација, а ќе добијат и бесплатен софтвер кој ќе можат да го користат за свои потреби при изработката на Плановите за економски развој на општината, поттикнувањето на малите претпријатија и изработката на енергетските биланси.

Добивање на печатените материјали, бесплатно, или со бенефицирана цена.

Информации за меѓународни фондови од каде можат да се побараат и добијат грантови за предвидените проекти.

Техничка помош при приготвувањето на апликациите за овие грантови.

Предност при обуката која се реализира од страна на меѓународните асоцијации.

Пристап до сите податоци со кои располагаат меѓународните асоцијации од оваа дејност, врз основа на членувањето на МОМЄЄ во нив.

Организирање на посета на градови и објекти надвор од нашата земја каде што се реализирани успешно проекти, кои се предвидени во планот на општините.

Учество на регионалните средби за размена на искуства од областа на Енергетската ефикасност и заштитата на околината (Екологијата).

Добивање на податоци за квалитетот на опрема која им се нуди во проектите за кои се обезбедени финасиски средства.

Лобирање за интересите на членовите на мрежата.

Телефон: 02 3090 177; 02 3090 178

Факс: 02 3090 179

E-mail: momee@momee.org.mk

Контакт:

Македонска општинска мрежа за енергетска ефикасност