МОМЕЕ

Македонска општинска мрежа за енергетска ефикасност

Меѓусебна размена на информации за техничките постигнувања и нови технологии за слични пректи кои се предвидени на општинско ниво (рехабилитација на згради- школи, администрција, градинки, домови; улично осветление; водовод; пречис¬тител-ни станици; собирање на комунален смет).

Заедничка разработка и управување со ЕЕ проекти.

Меѓусебно помагање за надминување на пречките за ефикасно користење на енергијата.

Директна помош на Општинските служби при изработката на апликации за доделување на средства од разни фондови

МАЦЕФ организира тренинг курс за обука од областа на енергетска контрола на објекти¬те. Членовите на мрежата ќе имаат пристап до вкупната документација, а ќе добијат и бесплатен софтвер кој ќе можат да го користат за свои потреби при изработката на Плановите за економски развој на општината, поттикнувањето на малите претпријатија и изработката на енергетските биланси.

Добивање на печатените материјали, бесплатно, или со бенефицирана цена.

Информации за меѓународни фондови од каде можат да се побараат и добијат грантови за предвидените проекти.

Техничка помош при приготвувањето на апликациите за овие грантови.

Предност при обуката која се реализира од страна на меѓународните асоцијации.

Пристап до сите податоци со кои располагаат меѓународните асоцијации од оваа дејност, врз основа на членувањето на МОМЄЄ во нив.

Организирање на посета на градови и објекти надвор од нашата земја каде што се реализирани успешно проекти, кои се предвидени во планот на општините.

Учество на регионалните средби за размена на искуства од областа на Енергетската ефикасност и заштитата на околината (Екологијата).

Добивање на податоци за квалитетот на опрема која им се нуди во проектите за кои се обезбедени финасиски средства.

Лобирање за интересите на членовите на мрежата.

Придобивки