МОМЕЕ

Македонска општинска мрежа за енергетска ефикасност

Одржани обуки:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видови обуки:

 

Прв степен - Oбука на администрацијата на локалната самоуправа за Законски обврски кои произлегуваат од Законот за локална самоуправа и Законот за енергетика : основни обврски од сектор на  енергетската ефикасност во јавните објекти и уличното осветление – можност за намалување на општинскиот буџет за енергија

         Види детална програма

Втор степен - Обука на администрацијата на локалната самоуправа за формирање на база на податоци и анализа на прибраните податоци и внесување во специјално приготвен софтвер за нивна анализа

Види детална програма

 

Трет степен - Обука на администрацијата на локалната самоуправа за приготвување на програми за ЕЕ и акционен план за спроведување на мерки за енергетска ефикасност

Види детална програма

Напредно ниво - Обука на енергетски контролори

 

Времетраење:

12 - 18 месеци во 3 фази во зависност од бројот на објектите во надлежност на локалната самоуправа, и напредно ниво во времетраење од 9 месеци – наставата се одржува два пати месечно со по 2 блок часови (вкупно 4 часа по видување)

 

Слушатели:

По можност слушателите треба да се со претходна техничка образовна подготовка за правилно совладување на материјата.

 

Изведувачи:

Обуката се реализира од страна на сертифицирани тренери на енергетски контролори, и тоа од: МАЦЕФ, Машинскиот факултет –Скопје, Градежен и Архитектонски факултет од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а во соработка со норвешката компанија ЕНСИ – Енергџи сејвинг интернешенел.

 

 

Придобивки: 

Градење човекови ресурси кои ќе можат да одговорат на тековните енергетски предизвици со кои се соочуваат општините

Работа со специјализиран софтвер за преглед и анализа на податоци за потрошувачката на сите видови на потрошувачка на енергија во објекти

Бесплатно доделен софтвер – за внесување и евиденција на потрошувачката на енергија во објектите

Исполнување на законската обврска на општините за изработка на Програма и Акционен план за енергетска ефикасност на општините

Исполнување на законската обврска на општините за изработка на Програма и Акционен план за примена на обновливи извори на енергија

Намален буџет за плаќање на трошоците за енергија на ниво на локална самоуправа

Определеување на предимство на објекти кај кои се неопходни итни мерки за ЕЕ

Спроведување на енергетски мониторинг

Поттикнување на граѓаните: позитивен пример од страна на локалната сампоуправа за стекнување на нови знаења и навики за рационално користење на енергијата

Целиот пакет е во согласност во Законот за енергетика и ЕУ директивите

 

 

 

Цена:

За членките на МОМЕЕ следуваат посебни попусти за посета на обуките, додека за локалните самоуправи и надворешни консултанти и организации важат цените согласно официјалниот ценовник. Средствата, врз основа на фактура се префрлаат на банкарската сметка на МАЦЕФ.

 

Детална програма за Прв степен - Oбука на администрацијата на локалната самоуправа за основите на енергетската ефикасност во јавните објекти и уличното осветление – можност за намалување на ставката за енергија во општинскиот буџет

 

Запознавање со целите на обуката и наставниот материјал

Локална самоуправа и законска регулатива во поглед на исполнување на обврски за примена на мерки за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Правилници кои регулираат енергетски ефикасни градби

Стратегија и Акционен план за ЕЕ и ОИЕ на Република Македонија

Енергетска ефикасност во објекти (греење, ладење, вентилација, подготовка на топла вода, осветление)

Енергетска проценка, енергетски контрола  и следење на реализацијата на мерките

Енергетско раководење и управување со објектите  (енергетски  менаџмент)

Индивидуални и групни вежби : студии за реални случаи (објекти)

 

 

Детална програма за Втор степен - Обука на администрацијата на локалната самоуправа за анализа на прибраните податоци и внесување во специјално приготвен софтвер за нивна анализа

 

Прибирање и препознавање на енергетски карактериски за објекти, и нивно внесување во софтвер за таа намена

Видови на греење и автоматика

Енергетска ефикасност на системите за централно греење

Енергетски ефикасни градежни материјали

Можности за унапредување на изолацијата во објектите и намалување на топлинските загуби

Затнување на објектите и вентилација (природна и принудна)

Енергетски ефикасно осветление

Подготовка на топла вода

Енергетска ефикасност и производство на чиста енергија

Обновливи извори на енергија

Индивидуални и групни вежби: студии за реални случаи (објекти)

Запознавање со претходно изработени бази на податоци

 

Детална програма за Трет степен - Обука на администрацијата на локалната самоуправа за приготвување на програми за ЕЕ и акционен план за спроведување на мерки за енергетска ефикасност

 

Планирање на енергетска ефикасност во единиците на локалната самоуправа

Дијагностички мерења

Вовед во изработка на Програми и Акциони планови за ЕЕ и ОИЕ

Анализирање на прибраните енергетски податоци

Економска анализа на предложените мерки за ЕЕ и ОИЕ

Подготовка на Деловни планови и финансиски конструкции за проекти од ЕЕ и ОИЕ

 Достапност на фондови и грантови за ЕЕ и ОИЕ во регионот, ИПА средства, општествена одговорност кај компаниите

Вмрежување во сродни организации и институции за поголема примена на мерки за ЕЕ

Предавачи – гости од реномирани компании кои произведуваат ЕЕ системи и опрема Индивидуални и групни вежби

Изработка на Нацрт програма за ЕЕ на општината

 

 

 

 

Времетраење

Членки на МОМЕЕ*

Консултанти

Фирми

Студенти

 

 

По лице / За секое наредно лице 20% попуст

Прв степен

4 месеци

12000 мкд

 /

 /

 /

Втор степен

6 месеци

18000 мкд

/

/

/

Трет степен

6 месеци

22000мкд

30000 мкд

30000 мкд

12000 мкд

Напреден степен

9 месеци

 

 

 

 

 

За членките на МОМЕЕ следуваат и пакети на услуги кои се добиваат во форма на техничка поддршка, како на пример изработка на енергетски контроли, дијагностички мерења и сл. во договор со локалната самоуправа.

 

Обуки за Енергетска ефикасност за единиците на локалната самоуправа